Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Јанчев: Да, бев политички лицемерен кога реков „дај Боже да бидеме како Заев“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Претрес во Аеродром: Пронајдени 41 саксија канабис, едно лице приведено
МВР
Четири пријави за семејно насилство во едно деноноќие – две уапсени
МВР
Кривични пријави и претреси низ државата: запленета дрога во Скопје, Битола и Струга
МВР
Четири сообраќајни несреќи за еден ден: малолетничка и мотоциклисти меѓу повредените
МВР
Возење без дозвола, со преголема брзина и алкохол – низа санкции во Тетовско
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) Јанчев: Да, бев политички лицемерен кога реков „дај Боже да бидеме како Заев“

Претрес.мк
Последни промени 10/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Во најновата епизода на „Претрес со Ландов“, градоначалникот на Кавадарци и сопственик на Кожувчанка, Митко Јанчев, отворено призна дека изјавата од 2020 година — „Дај боже сите да бидеме како Заев“ — била „политички лицемерна“, но, како што рече, направена во интерес на граѓаните и општината.„Лицемерно. Е, можам да кажам политички лицемерно за еден политичар, не за граѓанин. Од тоа добив проект од милион ипол евра за граѓаните. Една реченица, милион ипол евра проект. Ако е во интерес на граѓаните, би го направил пак“, рече Јанчев во разговор со новинарот Кристијан Ландов.На прашањето дали тогашниот премиер Зоран Заев му сугерирал да ја каже таа реченица, Јанчев одговори дека идејата била негова и дека целта му била Кавадарци да добие проект што првично не бил планиран за општината.„Проектите беа поделени — 35 милиони евра. Кога Кавадарци се јави, сите беа затворени. Како градоначалник успеав да воспоставам контакт со премиерот и го замолив да нè вклучи во делот од програмата“, објасни Јанчев.Разговорот доби дополнителна тежина кога Ландов потсети дека токму Заев бил премиерот под чија власт во 2017 година Јанчев беше приведен од полицијата.„Викавте ‘дај боже сите да бидеме како Заев’, кога истиот човек ве апсеше со полиција и ве претресуваше со војска. Господине Јанчев, вашите калкулации изгледаат премногу флексибилни“, му рече Ландов.Јанчев, пак, одговори дека за него политичката култура значи почит кон институциите и функцијата, а не нужно кон личноста.„Баба ми ми велеше: ‘Синко, тој ти е претседател – имај почит’. Заев бил господин додека бил премиер. Сега нема потреба да му се обраќам така, но ако го видам, ќе му речам ‘господине Заев, како сте’ – од воспитување, не од политика“, рече Јанчев.Овој дел од интервјуто повторно го отвори прашањето за прагматизмот и моралните граници во македонската политика, особено кога јавните изјави на функционерите се во спротивност со нивното минато. Погледнете го во целост:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Претрес во Аеродром: Пронајдени 41 саксија канабис, едно лице приведено
Четири пријави за семејно насилство во едно деноноќие – две уапсени
Кривични пријави и претреси низ државата: запленета дрога во Скопје, Битола и Струга
Четири сообраќајни несреќи за еден ден: малолетничка и мотоциклисти меѓу повредените
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад