Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“
МВР
Уапсен е кумановец, долго време следел и вознемирувал девојка
МВР
(ВО ЖИВО) Мециновиќ се залага за укинување на приватниот превоз во Скопје
Претрес
„Не се откажуваме додека не те најдеме, премногу боли!“ – седум дека се трага по Миле, сечија помош е добредојдена!
Брифинг
(ВО ЖИВО) Мециновиќ: Од ВМРО-ДПМНЕ тешко дека бетер ќе станеме
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“

Претрес.мк
Последни промени 02/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од КЗ. Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите на нејзиното потесно семејство, не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно, со што го довела во заблуда Судскиот совет да и исплаќа надоместок на трошоци за превоз согласно точка 4 од Одлуката за начинот на остварување на правата на судиите утврдени во Законот за платите на судиите бр.02-1425/12 од 13.10.2010, а донесена од страна на Судски буџетски совет, согласно одредбите од член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет.Имено, пријавената Л.Г. во својство на судија од Основен суд Струмица во 2018 година била избрана за член на Судски совет, од редот на судии од апелационо подрачје Штип, при што, согласно член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет, членот на советот има право на надомест на трошоци за превоз во висина од вистинските трошоци за јавен сообраќај. Согласно тоа, пријавената Л.Г. поднела барање, кон кое доставила копија од лична карта, одлука за избор за судија и изјава заверена на нотар дека таа или член од нејзиното потесно семејство немаат стан или куќа во нивна сопственост во местото каде ја извршува функцијата. Пријавената Л.Г. во 2022 година имала промена на имотна состојба, односно нејзината ќерка се стекнала со недвижен имот-стан во Скопје, но Л.Г. не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет, за што од страна на Судски совет на пријавената за период од септември 2022 година (како месец по стекнувањето на имотот) до декември 2023 година (кога и престанало правото на надомест на трошоци за превоз по нејзино доставено известување на ден 15.01.2024) во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, за кој износ Л.Г. се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судски совет на РСМ.

Можеби ќе ти се допадне

Уапсен е кумановец, долго време следел и вознемирувал девојка

Иста шема, нова лажна сообраќајка: 77-годишна скопјанка остана без 180.000 денари

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Кривична пријава против поранешниот директор на „Комуналец“ Струмица за бесправна градба и злоупотреба на службена положба

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“
Уапсен е кумановец, долго време следел и вознемирувал девојка
(ВО ЖИВО) Мециновиќ се залага за укинување на приватниот превоз во Скопје
„Не се откажуваме додека не те најдеме, премногу боли!“ – седум дека се трага по Миле, сечија помош е добредојдена!
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад