Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Лажејќи дека е вработен во АНБ рекетирал управител на фирма: му земал три автомобили, телефони, пари – а сега заврши во притвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Лажна дојава за бомба во „Сити Мол“ во Скопје, полицијата утврди дека заканата е неоснована
МВР
17 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возила, eден предизвика сообраќајна незгода
МВР
Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор
МВР
Скандал со вработени во Кривичен суд: Судски полицаец и доставувач осомничени за поткуп, земале пари за „ослободителна пресуда“ во Апелација
 Предмети
Нелегалниот ботокс им донесе притвор на шест осомничени, а куќен на четворица
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Лажејќи дека е вработен во АНБ рекетирал управител на фирма: му земал три автомобили, телефони, пари – а сега заврши во притвор

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Изнуда од член 258 и Лажно претставување од член 391 од Кривичниот законик.„Во период од 14.12.2023 до 05.05.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра.Претставувајќи се како вработен во АНБ и посредник за исплата на долг, осомничениот на оштетениот 54-годишник, управител на фирма, му вршел притисоци со закани за неговиот и животот на неговото семејство, па во повеќе наврати му земал парични средства, три автомобили, два мобилни телефони, златни прстени и друг накит“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и веројатност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.Categories

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Лажна дојава за бомба во „Сити Мол“ во Скопје, полицијата утврди дека заканата е неоснована
17 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возила, eден предизвика сообраќајна незгода
Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор
Скандал со вработени во Кривичен суд: Судски полицаец и доставувач осомничени за поткуп, земале пари за „ослободителна пресуда“ во Апелација
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад