Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: И детето пукало од автоматска пушка во Тетово – се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР: Трактор со приколка со дрва завршил во река, едно лице загина
МВР
Тепачки, разбојништва, кражби: што се случуваше во Скопје
МВР
Обид за убиство во Кичево: двајца осомничени во 30-дневен притвор
МВР
(Видео) Судијата Спиро бараше 5.000 евра и ме советуваше ‘замини од државата’, сведочи бегалецот Дацо Белски за претседателот на кочанскиот суд
Претрес
Ново семејно насилство: Скопјанка пријави дека сопругот ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал со остар предмет
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово – се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата.Наредба за спроведување истражна постапка е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законот, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил ’Голф’ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место.Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор”, велат од Обвинителството.

Можеби ќе ти се допадне

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Кривична постапка за „Јужна пруга“: објектот работел и покрај службена забрана

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР: Трактор со приколка со дрва завршил во река, едно лице загина
Тепачки, разбојништва, кражби: што се случуваше во Скопје
Обид за убиство во Кичево: двајца осомничени во 30-дневен притвор
(Видео) Судијата Спиро бараше 5.000 евра и ме советуваше ‘замини од државата’, сведочи бегалецот Дацо Белски за претседателот на кочанскиот суд
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад