Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Укината пресудата за Боки 13 и Меѓународен сојуз, потврдена ослободителната за Фросина Ременски – Апелација одлучи по жалбите
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Се степале жени во дом за стари лица во Куманово, една заврши на ургентен
МВР
Алкохол, забрана и возење без дозвола: Полицијата санкционираше пет случаи за еден ден, еден е малолетник
МВР
Обезбедувач од Собрание возел без да има возачка, поднесена е кривична
МВР
Жена се обидела да внесе марихуана во Идризово
МВР
Нашол паричник во кафеана, па ги земал парите и картичката и ги користел
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Укината пресудата за Боки 13 и Меѓународен сојуз, потврдена ослободителната за Фросина Ременски – Апелација одлучи по жалбите

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фрозина Ташевска-Ременски. Ваквата одкука доаѓа поради суштествени повреди, а по жалбите кои беа поднесени од обвинетите.„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-153/22, во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со којаделумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. од С. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:- ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и- ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од 1-една година“, вели Апелација.Апелација образложува за предметот.„Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите на обвинетите Б.Ј., Ј.Е., Х.Б. и обвинетото правно лице М.С., сите од С. и по повод жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 годинапод став I од изреката по однос на обвинетиот Б. Ј. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.45 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Ј. Е. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетата Х. Б. од С., за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетиот М. Ј. за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик и обвинетото правно лице А.З.Ц.О.С.З.К- М С. од С.– Ц., за кривично дело Измама од чл.247 ст.8 в.в. ст.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, ја укина и предметот во тој дел го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, додаде Апелација.Претходно, Боки 13 пред Апелација укажа дека бара фер судење, а не милост.И адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека доказите и пресудата зборуваат за различни факти.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Се степале жени во дом за стари лица во Куманово, една заврши на ургентен
Алкохол, забрана и возење без дозвола: Полицијата санкционираше пет случаи за еден ден, еден е малолетник
Обезбедувач од Собрание возел без да има возачка, поднесена е кривична
Жена се обидела да внесе марихуана во Идризово
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад