Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Љупчо Николовски: „Владата успешно ги реализира реформите во шумарството“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Фото) Спасувачка акција над Горно Јеловце: Повреден при превртување на теренско возило
Брифинг
Русија: Украински напад врз Белгород, убиени две лица
Судии и обвинители
Папата Лав XIV: „Нема иднина заснована на насилство, прогон или одмазда“
Судски постапки
Авганистан: „Нема договор за враќање на базата Баграм на САД“
МВР
ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Љупчо Николовски: „Владата успешно ги реализира реформите во шумарството“
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Љупчо Николовски: „Владата успешно ги реализира реформите во шумарството“

Претрес.мк
Последни промени 21/09/2025
Претрес.мк
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција на ставовите на ексминистерот за земјоделство Љупчо Николовски, околу реформите во шумарскиот сектор.„Николовски да не манипулира, граѓаните ги видоа ‘реформите’ на СДСМ и ДУИ кои ги осиромашија и уназадија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ги реализира реформите во шумскиот сектор“, велат од партијата.Во реакцијата се наведува дека законот за шуми, кој во времето на Николовски бил предмет на бројни критики од експерти, е преработен и усогласен со европските регулативи, а новиот текст е поставен на ЕНЕР и закажана е јавна расправа за 15 октомври.„За период август 2024 – април 2025 над 106.000 хектари шуми управувани од државата се сертифицирани, што претставува значајна пресвртница во усогласувањето со глобалните стандарди за одржливост. Македонија доби PEFC признавање на својата национална сертификација на шуми, иако до август 2024 процесот воопшто не беше започнат“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека е воспоставен нов веб-базиран Интегриран информациски систем за шуми (ИФИС), со кој ќе се спречува нелегалната сеча, а ЈП „Национални шуми“ е во завршна фаза на набавка на техничка опрема за електронска испратница.„Проектот за шумарство успешно беше затворен на 24 јуни 2025 година. Реформите во секторот успешно се реализираат и наскоро јавноста ќе биде запознаена со сите резултати. Сите лаги на СДС се распаѓаат како кула од карти“, додаваат од партијата.Тие порачаа дека „Љупчо Николовски и Венко Филипче треба да си ги спакуваат коферите за длабока политичка пензија“.

Можеби ќе ти се допадне

Брнабиќ: Вучиќ направи за Србија во 10 години она што други градат со генерации

Лишен од слобода маж од Струмичко поради подметнување пожар

САД ќе имаат контрола врз ТикТок: шест од седум директори Американци

(Видео) Кинеска компанија претстави робот со лице што изразува емоции – интернетот во шок

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Фото) Спасувачка акција над Горно Јеловце: Повреден при превртување на теренско возило
Русија: Украински напад врз Белгород, убиени две лица
Папата Лав XIV: „Нема иднина заснована на насилство, прогон или одмазда“
Авганистан: „Нема договор за враќање на базата Баграм на САД“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад