Ако победев и станев пратеник, ќе се грижев за македонскиот јазик, ќе бев дел од комисија за култура и немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели актерот Игор Џамбазов во „Претрес“, алудирајќи на изјавата дадена од министерот за добро владеење. Тој посочува дека вакви изјави го погодуваат многу.„Тоа е непочитување на државата, во чија Влада си. Али Ахмети барем од почеток си кажа ‘не зборам јас тоа, крај’. Но и тоа кога го кажуваат тоа – не се искрени. Јас тврдам дека тој зборува (македонски). Политиката е ку**а, а мене од ку**и ми е преку глава“, рече Џамбазов.Прашан дали од ку**а, тој можел да направи чесна дама, Џамбазов одговори „никогаш не знаеш, треба да пробаш. Јас сум човек што барем се обидел“.Џамбазов беше кандидат за пратеник во 2002 година, кога на изборите му недостасуваа 500 гласа за да освои мандат. Тој имал повеќе гласови од видни политички имиња кои и денеска се актуелни кај јавноста.

Сподели го овој напис