Трагичниот случај во Велес, во кој беа убиени Росица и нејзиниот татко, повторно ја отвори темата за потребата од посилна заштита на жртвите на семејно насилство. На денешната прес-конференција во Скопје, Либерално-демократската партија (ЛДП) побара итно усвојување на законските измени за воведување на електронски нараквици за насилниците.Членката на Извршниот одбор на ЛДП, Цветанка Геговска, посочи дека доколку измените предложени од пратеничката Моника Зајкова биле изгласани во април, сторителот ќе носел електронска нараквица и трагедијата можела да биде спречена.„Овој уред ја предупредува жртвата кога насилникот е на оддалеченост помала од 100 метри. Со тоа би се зголемил степенот на заштита и би се намалила можноста за повторно изложување на насилство,“ изјави Геговска.Од ЛДП порачаа дека измените се системска мерка за подобрување на механизмите за заштита и апелираа пратениците, независно од партиска или етничка припадност, да дадат поддршка во Собранието.„Граѓаните ги избраа своите претставници за да носат одлуки кои ќе го подобрат секојдневието. Нека трагедијата на Росица биде последна,“ нагласи Геговска.

Сподели го овој напис