Најмалку пет цивили загинаа, а седуммина беа повредени во нови руски напади врз Украина во текот на четвртокот, соопштија украинските власти.Руската армија во текот на ноќта лансирала 86 дронови кон украинска територија, од кои 50 биле таканаречени „камиказа“. Украинските воздушни сили успеале да пресретнат 71 дрон, но 15 сепак погодиле шест локации, а остатоци биле пронајдени на уште две.Најтешки последици имало во градот Костјантиновка во Доњецката област, каде што руските сили фрлиле разорна бомба FAB-250 врз станбено подрачје. Петмина цивили загинале на самата улица – две жени на возраст од 62 и 65 години и тројца мажи на возраст од 65, 67 и 74 години. Оштетени се четири станбени згради.Во Харковската област, 37-годишен маж е повреден при напад на селото Били Колодјаз во близина на Вовчанск, каде што биле нападнати уште седум населени места. Според локалните власти, руските сили користеле различни видови оружје, вклучително и десет наведувани бомби и неколку дронови од типот „Геран-2“ и „Молнија“.Еден цивил е ранет и во Херсонската област, каде што се оштетени пет објекти. Во Запорожката област, пак, четири жени се повредени при напад во округот Пологи. Таму руската армија извршила вкупно 376 напади врз 14 градови и села, соопшти регионалниот гувернер Иван Федоров.

Сподели го овој напис