Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб, кривични дела казниви по член 236 и член 400 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничените на 17 септември влегле на градските гробишта во Бутел и дошле до алејата на заслужни граѓани. Со употреба на сила ја откорнале и урнале бронзената биста со два човечки лика во седечка положба, поставена на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.Иако бистата била зацврстена со анкери, тие ја разурнале и ја оштетиле платформата на гробното место, со што го осквернавиле гробот. Потоа бистата ја влечеле до жичаната ограда каде претходно направиле отвор, преку кој ја изнеле и ја натовариле во автомобил со намера да ја присвојат.Проценетата вредност на бистата, која е во сопственост на наследничка на починатите, изнесува околу 320.000 денари.Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите четворица осомничени.

Сподели го овој напис