Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Семејна драма во Скопје завршила со физички напад и закани – мажот пријавил во полиција
МВР
Детали за инцидентот во Прилеп: имало масовна тепачка, 13 лица се уапсени – полицијата пукала
Новости
По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар – полицијата расчистува уште едно насилство
Претрес
Уапсен велешанец: нападнал сограѓанка и насилно влегувал во нејзиниот дом
Новости
(Видео) Вооружена пресметка пред болницата во Прилеп!
Судии и обвинители
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

Претрес.мк
Последни промени 19/09/2025
Претрес.мк
Сподели

На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад.- Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефикасноста на хируршките интервенции, вели министерот за здравство, Азир Алиу.Оваа иновативна метода претставува напредна техника која овозможува визуелизација на крвниот проток во реално време за време на операцијата.- Со примена на контрастно средство, хирурзите можат прецизно да ја проценат проодноста на крвните садови и да го потврдат целосното исклучување на аневризмата, што е клучно за успешен исход, појаснува д-р Благој Шунтов, специјалист по неврохирургија и раководител на тимот.Инаку, хируршкиот тим се состои од: д-р Благој Шунтов, асистенти:  д-р Мирко Мишел Мирчевски, д-р Влатко Атанасов, анестезиолошки тим: д-р Сања Ѓурчевска, д-р Радмила Панговска, мс Ирена Стојанова, мс Гордана Мицковска, мс Даниела Делова, инструментарки: мс Маја Спировска, мс Наташа Мирчевска.Операцијата помина без компликации, а пациентот се опоравува без потешкотии. Примената на оваа напредна техника претставува значаен напредок во третманот на неврохируршки пациенти и потврдува посветеност на ЈЗУ УК за неврохирургија во примена на најновите медицински технологии.Оваа иновација претставува значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство и потврдува посветеност на здравствените институции во примена на најновите медицински технологии.

Можеби ќе ти се допадне

По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар – полицијата расчистува уште едно насилство

Последната желба на Роберт Редфорд

Кедев: Стојам зад сè што кажав – непотребни стентирања ја уништуваат довербата во здравството

СДСМ најавува скандал за Владата поврзан со ПР и манипулации

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Семејна драма во Скопје завршила со физички напад и закани – мажот пријавил во полиција
Детали за инцидентот во Прилеп: имало масовна тепачка, 13 лица се уапсени – полицијата пукала
По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар – полицијата расчистува уште едно насилство
Уапсен велешанец: нападнал сограѓанка и насилно влегувал во нејзиниот дом
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад