Синоќа на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево започна широка полициска акција за разбивање на криминална мрежа која со години се занимавала со нелегална сеча и трговија со дрвна маса.Меѓу уапсените, според неофицијални информации, има актуелен директор во ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, неколку полициски службеници, шумски полицајци, претставник на Министерството за земјоделие, како и сопственици на приватни фирми. Тие се сомничат дека преку коруптивни врски нелегалното дрво го претставувале како легално и профитирале на сметка на државата и шумските ресурси.Информациите засега се непотврдени, а институциите не се огласиле по повод оваа акција.

Сподели го овој напис