Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривични пријави против 11 лица за сторени повеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Сообраќајка во велешко: „Фолксваген“ излетал од патот, сопатничката тешко повредена
МВР
Млада мајка го оставила новороденчето во болница и си заминала, полицијата и поднесе кривична
МВР
Уапсени 10 лица: Возеле пијани, без дозвола и со поголема брзина од дозволената
МВР
Прилепчанка фатена со три пиштоли и 39 парчиња муниција
МВР
Жена од Тетово се водела за почината се додека не се појавила со новороденче во Центарот за социјални работи
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривични пријави против 11 лица за сторени повеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата

Претрес.мк
Последни промени 18/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „употреба на исправа со невистината содржина“ по член 380, против Б.П.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б, против Д.З.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за „давање лажен исказ“ по чл.367 и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “ член 278-б и против К.П.(39), М.П.(37) , Д.М. (36), Д.С.(35), С.С.(40), М.М.(37) и М.М.(24), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б од Кривичниот законик.

М.П. и Ф.Т. во текот на 2024 година се договориле Ф.Т. да наоѓа сопственици на моторни возила кои сопствениците со странски регистарски таблички ги управуваат на територија на државата и во соработка и договор со Б.П ги наоѓале сопствениците и за половина од цената што треба да jа платат на име царински и други давачки за увоз на половни моторни возила М.П. ги регистрирала и внесувала во електронскиот систем на регистрирани моторни возила без да ги платат давачките за увоз на половни моторни возила, за сообраќајна дозвола, административни такси, такса за користење на регионални и локални патишта и надомест за издавање на регистарски таблички.
Ф.Т., користејќи го своето работно место, а откако претходно се договорил со Б.П. Д.З., К.П., М.П., Д.М., Д.С., С.С., М.М., и М.М., изготвувал електронски табели налик на табелата која се издава од Бирото за метрологија при издавање на хомологација за возила увезени од странство, во кои внесувал податоци за возилата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Сообраќајка во велешко: „Фолксваген“ излетал од патот, сопатничката тешко повредена
Млада мајка го оставила новороденчето во болница и си заминала, полицијата и поднесе кривична
Уапсени 10 лица: Возеле пијани, без дозвола и со поголема брзина од дозволената
Прилепчанка фатена со три пиштоли и 39 парчиња муниција
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад