Во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“, Игор Џамбазов откри емотивна и искрена приказна од периодот кога се соочувал со сериозни здравствени проблеми и финансиски тешкотии.
„Живеев во Козле, во еден сутерен, баш кога ми се случи медицинскиот крах. Лежев шест месеци, не можев да работам, не можев да настапувам, немав од што да заработувам. Во тоа време почнаа изборите. Тони Михајловски ми наговести дека неговите се заинтересирани да настапам на неколку митинзи и на централниот митинг“, раскажа Џамбазов.
Тој вели дека понудата ја одбил веднаш, иако бил во тешка финансиска состојба: „Му кажав тоа што му го кажував дваесет години: ‘Тончи, само за тоа не правиме муабет. Ја и ти никогаш пријателство нема да си го растуриме’.“
Следниот ден, додека лежел дома, му ја исклучувале струјата. „Немав бе луѓе, немав. Срам е да побараш. Доаѓаат двајца, едниот исклучува, а постариот ми вика: ‘Мајсторе, кај тебе ли сме?’ ‘Кај мене бе брат’. ‘Враќај, враќај’, му вика на малиот. ‘Не, Господ ќе ме казни, кај тебе да исклучам, те обожавам’… Но, ме предупреди: ‘Утре ќе дојдат други, плати си ја со време’.“
Веднаш потоа повторно добил повик од Михајловски: „Ми вика, те чека во кала коверт толку и толку пари. Тоа беше нешто што нормален човек не може да го заработи за десет години. Не прифатив. Тони викаше: ‘Ова ќе го раскажувам на сите, тогаш почнав да те сакам и ценам уште повеќе’.“
Џамбазов нагласува дека и покрај големите искушенија, останал доследен на себеси. „Тоа беше нестварна сума, а јас немав пари за струја. И сум имал и други непристојни понуди, многу такви, но никогаш не прифатив“, истакна тој.
Цел ПРЕТРЕС: