Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Шест години земал плата без да оди на работа – оштетен државниот буџет за 1,6 милиони денари преку АХВ
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
„Падна“ делчевец: дрога, таблети и муниција пронајдени при претрес
МВР
Над 9.000 граѓани излегле преку Табановце, речиси исти број отишле за Грција: продолжениот викенд ја празни Македонија
МВР
(Видео) Илиевски: Мукоски ветуваше дека за „27 април“ нема да се одговара за тероризам, имаше контакт со Заев
Претрес
„Никој не е сам“: Центар дели пакети за Велигден
МВР
Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Шест години земал плата без да оди на работа – оштетен државниот буџет за 1,6 милиони денари преку АХВ

Претрес.мк
Последни промени 04/09/2025
Претрес.мк
Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите, при контрола во Подрачната единица Куманово на 30 мај 2024 година било утврдено дека еден од пријавените, Р.Е. (51) од с. Слупчане, на работно место помлад референт-архивар, во период од речиси шест години, од декември 2018 до април 2024, воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.

Второпријавениот З.А. (59) од Скопје, кој бил вршител на должноста директор на Агенцијата до декември 2020, и неговиот наследник Н.Б. (61) од Битола, директор до јули 2024, свесно дозволиле исплатата да продолжи, иако Р.Е. не ги извршувал работните обврски.

Меѓу пријавените се и А.Б. (59) од Скопје, раководител на Одделение за финансиски прашања, кој без проверка потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на плати и придонеси, како и С.К. (58) од Штип, раководител на друго одделение во Агенцијата, кој не презел мерки да ја спречи незаконитата состојба.

Со ваквите дејствија, на првопријавениот му биле исплатени 1.159.081 денар, а државниот буџет е оштетен за вкупно 1.682.759 денари, соопштија од МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

„Падна“ делчевец: дрога, таблети и муниција пронајдени при претрес
Над 9.000 граѓани излегле преку Табановце, речиси исти број отишле за Грција: продолжениот викенд ја празни Македонија
(Видео) Илиевски: Мукоски ветуваше дека за „27 април“ нема да се одговара за тероризам, имаше контакт со Заев
„Никој не е сам“: Центар дели пакети за Велигден
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад