Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Внимавајте и предупредувајте ги возрасните: 88-годишна жена од Велес измамена за 2.700 евра со лажна приказна за сообраќајка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пукал кон основно училиште во Виница и оштетил дел од училишниот инвентар
МВР
Пријава против скопјанец кој ја претепал својата девојка во авто камп
МВР
Албански државјанин уапсен во Струга поради дрога и нелегален престој
МВР
Пијан возач приведен во Куманово, возел со 1,91 промили алкохол во крвта
МВР
Мотоциклист со тешки повреди по сообраќајна несреќа во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Внимавајте и предупредувајте ги возрасните: 88-годишна жена од Велес измамена за 2.700 евра со лажна приказна за сообраќајка

Претрес.мк
Последни промени 30/08/2025
Претрес.мк
Сподели

На 29 август 2025 година во СВР Скопје, 88-годишната Д.Г. од Велес пријавила дека била жртва на класична телефонска измама. Според нејзините наводи, на 27 август околу 10 часот наутро добила повик на својот фиксен телефон од непознато машко лице, кое и соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила четиригодишно дете. За да ја „спаси“ од долгогодишна затворска казна, измамникот побарал 50.000 евра.

Жената одговорила дека нема толку средства и дека располага со околу 2.700 евра, по што добила инструкции парите да ги достави во Скопје, во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Следејќи ги упатствата, на 27 август околу 11:50 часот пристигнала во кругот на болницата и кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци. Потоа со автобус се вратила во Велес.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви телефонски измами.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пукал кон основно училиште во Виница и оштетил дел од училишниот инвентар
Пријава против скопјанец кој ја претепал својата девојка во авто камп
Албански државјанин уапсен во Струга поради дрога и нелегален престој
Пијан возач приведен во Куманово, возел со 1,91 промили алкохол во крвта
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад