Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пет лица приведени поради дрога во Скопје, Прилеп и Велес, меѓу нив и малолетник
МВР
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
МВР
Затвореник силувал друг затвореник во затворот во Штип
МВР
Приведени 13 возачи поради безобѕирно возење, меѓу нив и тројца малолетници
МВР
Автомобил излетал од патот и удрил во електричен столб кај Охрид, тројца со тешки повреди
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево

Претрес.мк
Последни промени 26/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Против градоначалникот на Делчево Горан Трајковски (54) е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба, откако незаконски овозможил вработување на лице кое веќе ги исполнувало условите за пензија, со што била нанесена штета на општината од над 760 илјади денари.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници.

Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата, наведува МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пет лица приведени поради дрога во Скопје, Прилеп и Велес, меѓу нив и малолетник
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
Затвореник силувал друг затвореник во затворот во Штип
Приведени 13 возачи поради безобѕирно возење, меѓу нив и тројца малолетници
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад