На 23 август 2025 година во 23:15 часот во СВР Скопје, 41-годишниот Ѓ.П. од Скопје пријавил дека вечерта околу 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси-компанија бил физички нападнат.
Според пријавата, нападот се случил по претходна расправија со патник во неговото возило, кој заедно со своите пријатели физички го нападнал таксистот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.