Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обид за убиство во Скопје: 28-годишна жена се обидела да ја задуши бабата на својот сопруг
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
МВР
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
МВР
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
МВР
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
МВР
Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обид за убиство во Скопје: 28-годишна жена се обидела да ја задуши бабата на својот сопруг

Претрес.мк
Последни промени 17/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство – кривично дело по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во Скопје, за време на семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг, родена во 1938 година, со која живееле во семејна заедница.

Додека жртвата одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата. Таа седнала врз бабата и ставила перница врз нејзината глава со намера да ја задуши, при што дополнително ја удирала со тупаници по главата. Нападот го прекинала мислејќи дека жртвата е мртва, по што му кажала на сопругот за стореното.

Сопругот веднаш ја известил полицијата, а повиканата екипа ја пренела повредената во болница, каде биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и повеќе хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Од Обвинителството велат дека постојат очигледни околности кои укажуваат на опасност таа да го повтори делото или да го доврши започнатиот обид за убиство.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад