Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Продавал билети за концерт што не постоел, кривична пријава за Скопјанец
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Шест пријави за семејно насилство за едно деноноќие, тројца приведени
МВР
Хероин пронајден при претрес во затворот Идризово
МВР
Пензионерка нападната во влез од зграда, останала без паричник
МВР
Индиски државјанин починал во паркот „Жена борец“ во Скопје
МВР
Паднала со велосипед во шахта и се здобила со тешки повреди
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Продавал билети за концерт што не постоел, кривична пријава за Скопјанец

Претрес.мк
Последни промени 05/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 25-годишен скопјанец, кој преку веб страница продавал билети за концерт што никогаш не бил планиран ниту договорен. Според МВР, осомничениот не им ги вратил парите на оштетените граѓани, а се товари за кривично дело „компјутерска измама“.

-Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по чл.251-б од Кривичниот законик. А.Х. во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите, соопѓти МВР.

Секторот за компјутерски криминал во рамки на утврдениот делокруг на надлежности, продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, со цел превенција на повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Шест пријави за семејно насилство за едно деноноќие, тројца приведени
Хероин пронајден при претрес во затворот Идризово
Пензионерка нападната во влез од зграда, останала без паричник
Индиски државјанин починал во паркот „Жена борец“ во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад