Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обвинителство обвини шест лица за фалсификување евра – продале лажни банкноти вредни над 114.000 евра
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Малолетник нападнат во двор на училиште во Долно Количани
МВР
Уапсен 46-годишник поради сомнение за незаконски риболов, пронајдени 10 килограми риба, мрежи и гумен чамец
МВР
Пиротехника пронајдена во возило на грчки државјанин на Табановце
МВР
Единаесетгодишно девојче тешко повредено по пад од велосипед кај Свети Николе
МВР
Тешко повреден возач по излетување од коловозот кај клучка Мирковци
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обвинителство обвини шест лица за фалсификување евра – продале лажни банкноти вредни над 114.000 евра

Претрес.мк
Последни промени 01/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица, осомничени дека како дел од злосторничка група фалсификувале евра и ги дистрибуирале на територијата на Македонија и Србија.

Според обвинителството, групата била организирана од првообвинетиот, кој во периодот од крајот на 2023 до февруари 2025 година набавил и користел опрема и материјали за изработка на лажни банкноти во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Петмина од обвинетите се товарат за кривичното дело „Фалсификување пари“, додека двајца, меѓу кои и организаторот, се обвинети и за „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“.

Фалсификуваните пари, кои се произведувале во Македонија, се дистрибуирале главно во Србија, по цена од 25 до 30 отсто од нивната номинална вредност. Вкупно, групата во периодот од јуни 2024 до јануари 2025 година успеала да продаде 114.150 лажни евра за 42.400 евра.

Шестообвинетиот, според Обвинителството, изработувал и одржувал машините за печатење на лажните пари.

Обвинителството со поднесениот акт бара и продолжување на мерката притвор за осомничените. Паралелно, против шест српски државјани, кои наводно биле вклучени во дистрибуција на фалсификатите, се води постапка во Србија.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Малолетник нападнат во двор на училиште во Долно Количани
Уапсен 46-годишник поради сомнение за незаконски риболов, пронајдени 10 килограми риба, мрежи и гумен чамец
Пиротехника пронајдена во возило на грчки државјанин на Табановце
Единаесетгодишно девојче тешко повредено по пад од велосипед кај Свети Николе
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад