Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Тошковски: Новите закони носат темелна реформа на полицијата, без политички влијанија
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Претрес во Тополница: Одземена дрога и семки од канабис
МВР
Четири лица уапсени во Скопје, одземена марихуана
МВР
Пет пријави за семејно насилство во едно деноноќие, две лица уапсени
МВР
Возач на комбе за ученици тепал малолетник – таткото пријавил во полиција
МВР
Инцидент со огнено оружје во тетовско: Пукање од возило по договорена средба за „разрешување односи“
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Тошковски: Новите закони носат темелна реформа на полицијата, без политички влијанија

Претрес.мк
Последни промени 19/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција претставуваат суштинска, а не козметичка промена, насочена кон темелна реформа на полицијата и институционално јакнење на МВР.

„Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Вклучени беа стручните служби на МВР, претставници на синдикатите, независни експерти и меѓународни партнери“, напиша Тошковски на социјалните мрежи, додавајќи дека препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно вградени во новите решенија.

Според него, клучни новини во Законот за внатрешни работи: „Поедноставена класификација на работните места; Воведување на тест за раководење и за позицијата главен; Обука како задолжителен услов за секоја раководна функција; Тест за професионален интегритет без политичко влијание; Јасна рамка за советничките позиции; Систематизирано управување со човечки ресурси – од мобилност до развој на кариера“.

Тој посочува дека има измени во Законот за полиција како дефинирање на професионални критериуми за директорот на Бирото за јавна безбедност, со обврзно полициско искуство; Отворање на нови полициски станици во Сарај и Илинден; Ускладување на организацијата со новиот концепт за управување во полицијата.

Министерот порача дека додека, како што вели, некои избираат да манипулираат и собираат политички поени, МВР останува посветено на градење институција што функционира по јасни правила и работи во служба на граѓаните.

„Ќе вреднуваме знаење и одговорност, а не дневна политика“, истакна Тошковски.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Претрес во Тополница: Одземена дрога и семки од канабис
Четири лица уапсени во Скопје, одземена марихуана
Пет пријави за семејно насилство во едно деноноќие, две лица уапсени
Возач на комбе за ученици тепал малолетник – таткото пријавил во полиција
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад