Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Патник тешко повреден при пад во автобус на ЈСП во Скопје
МВР
Кривични пријави за обид за убиство и учество во тепачка во Скопје
МВР
Кривична пријава за вработени во МВР, не постапиле по констатирани сообраќајни прекршоци и овозможиле да застарат
МВР
Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“
Брифинг
АНБ служи за политички пресметки, државата изорана од странски служби, вели Пешевски
Брифинг
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“

Претрес.мк
Последни промени 18/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на службена тајна. Според Обвинителството за гонење организиран криминал, Димитровска, на обвинет во предметот „Адитив“ му доставувала информации кои биле тајни. Тоа го правела со месеци.

„Преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК,  одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.

Димитровска се гони и затоа што сертификатот за службена тајна го добила откако испитот и го положил ревизор од Државниот завод за ревизија.

„На истата обвинета, претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, и се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации“, додава ОЈО-ГОКК.

Обвинение има и за ревизорот.

„Третообвинетиот, од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“, додаваат од ОЈО-ГОКК.

За обвинетиот ревизор кој полагал во име на претседателката на ДКСК предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. За останатите две обвинети опфатени со поднесените обвиненија активни се мерките определени со започнување на постапката против нив.

Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“.

„Обвинетиот, како член на група, вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија  и искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинети правни лица во предметот „Адитив“ им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело. На овој начин им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Во периодот од месец август 2023 до ноември 2024 година, обвинетиот на сопствената денарска сметка уплатил парични средства во вкупен износ од 408.300 денари, а од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања во вкупен износ од 1.963.800  денари. Иако знаел дека средствата правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово, со што ги исполнил битијата на кривичните дела кои сега дополнително му се ставаат на товар“, велат од ОЈО-ГОКК.

Потоа се додава дека: „Во обвинителниот предлог првообвинетата е службено лице – Раководител на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје која од јули до ноември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“, на друг начин му сторила достапни податоци што претставуваат службена тајна и се однесуваат на севкупното работење на правното лице. Дополнително, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата што се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето иако сите податоци, документи, известувања и извештаи согласно закон се сметаат за службена тајна и нивно откривање може да има штетни последици за започнатата постапка“.

Можеби ќе ти се допадне

Нови детали: Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци и боксови по глава, се обидел да се скрие внатре, но починал

Се претставувал како министер и обвинител и земал 1,5 милион денари – нова истрага за измама во Скопје

Обвинение за шест полицајци и две лица поради злоупотреби со странци: го кршеле законот за да земат 950 евра мито

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Патник тешко повреден при пад во автобус на ЈСП во Скопје
Кривични пријави за обид за убиство и учество во тепачка во Скопје
Кривична пријава за вработени во МВР, не постапиле по констатирани сообраќајни прекршоци и овозможиле да застарат
Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад