Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Претреси во Скопје и Куманово, лишени од слобода шест лица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место
МВР
Двајца српски државјани со фалсификувани хрватска и италијанска возачка дозвола се обиделе да влезат во Македонија
МВР
Марихуана, бела прашкаста материја и дробилка пронајдени кај пет лица во Скопје, меѓу нив и државјанин на Шведска
МВР
Во затворот „Идризово“ пронајдени 27 пакувања марихуана кај осуденик
МВР
Тешко повредена 64-годишна жена во сообраќајка меѓу автобус и автомобил во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Претреси во Скопје и Куманово, лишени од слобода шест лица

Претрес.мк
Последни промени 04/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници врз основа на обезбедени судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово со цел целосно разоткривање на лицата и нивните активности кои траеле подолг временски период.

При претресите на неколку локации беа пронајдени околу 6 килограми амфетамин, но и повеќе таблети, пакувања со растителна материја, како и други предмети кои се предмет на вештачење по наредба на јавниот обвинител.
Предистражната постапка траеше неколку месеци, а дел од доказите беа обезбедени со примена на посебни истражни мерки.

Согласно обезбедените докази, постои сомнение дека тие заедно со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што претходно неовластено набавувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетамин, кој е класифициран во Националната Листа II на контролирани психотропни супстанции, како и 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA)-психотропна супстанца, класифициран во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанции.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место
Двајца српски државјани со фалсификувани хрватска и италијанска возачка дозвола се обиделе да влезат во Македонија
Марихуана, бела прашкаста материја и дробилка пронајдени кај пет лица во Скопје, меѓу нив и државјанин на Шведска
Во затворот „Идризово“ пронајдени 27 пакувања марихуана кај осуденик
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад