Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб
Претрес
(ВО ЖИВО) Бобан Утковски: Во 2001 многу грешки беа направени, странците видоа дека не знаеме каде тераме
Претрес
(ВО ЖИВО) Директорот на Шутка: Не верувам дека Груевски ќе се врати
Претрес
(ВО ЖИВО) Утковски: Љупчо Палевски е најдобар здравствено и не чувствува вина
Претрес
(ВО ЖИВО) Претрес на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

Претрес.мк
Последни промени 04/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во служба“ по член 354 став 3 од КЗ и кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 став 2 од КЗ.

Пријавениот во временски период од јануари до април 2025 година, со намера да се стекне со значителна противправна имотна корист, присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во службата, претходно одземени од лице при извршен претрес на дом и други простории при кое истражно дејствие пријавениот преземал полициски овластувања. Одземените предмети биле оставени на чување во службен метален ормар во ПС ОН Гостивар. Парите и златниот накит ги присвоил така што незабележан од никого прво ги изнел парите од службените простории, а потоа во неколку наврати го изнел и златниот накит, кој го продал во златарница во Гостивар.

Пријавениот со цел да ги прикрие своите противправни дејствија, во просториите на ПС ОН Гостивар фингирал дека било извршено кривично дело тешка кражба на металниот ормар, во кој биле оставени одземените предмети, на начин што ја искршил бравата од ормарот и ги отстранил шипките од бравата, а една од хартиените вреќи во кои биле обезбедени предметите ја искинал, додека другата ја фрлил во контејнер.

Пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица и ќе биде изнесен пред суд. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки именуваниот да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб
(ВО ЖИВО) Бобан Утковски: Во 2001 многу грешки беа направени, странците видоа дека не знаеме каде тераме
(ВО ЖИВО) Директорот на Шутка: Не верувам дека Груевски ќе се врати
(ВО ЖИВО) Утковски: Љупчо Палевски е најдобар здравствено и не чувствува вина
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад