Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: 39 дилери уапсени, дрога и оружје запленети – претреси, притвори и заплена во четири градови
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Дал 3.000 евра аванс за стока, но ниту ја добил ниту му ги вратиле парите
МВР
Поради имотен спор се заканувал на татко му и семејството, па оштетил возило во кое бил брат му
МВР
Во возило пронајдени 94 графички картички без документи, приведен 37-годишник
МВР
Крадел производи во продажен објект на Бит Пазар, па го нападнал вработениот кој се обидел да го спречи
МВР
Запалил сува трева додека ја чистел нивата, пожарот зафатил поголема површина, уапсен 77-годишник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

39 дилери уапсени, дрога и оружје запленети – претреси, притвори и заплена во четири градови

Претрес.мк
Последни промени 27/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Во текот на месец мај, СВР Битола презеде засилени акции на подрачјето на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод, при што беа лишени од слобода 39 лица поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. При акциите беа запленети различни видови наркотични и психотропни супстанции, како и огнено оружје и муниција од различен калибар. Заплената вклучува марихуана, кристална и прашкаста материја, шприцеви со течност, дигитални ваги, како и пушки и пиштоли.

„СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја , дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар).
Притоа , извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции” извршени беа 3 претреси и по чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед затекнати со дрога беа тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар. Полициски службеници од СВР Битола продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола“, вели портпаролката Сања Стаматова од МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Дал 3.000 евра аванс за стока, но ниту ја добил ниту му ги вратиле парите
Поради имотен спор се заканувал на татко му и семејството, па оштетил возило во кое бил брат му
Во возило пронајдени 94 графички картички без документи, приведен 37-годишник
Крадел производи во продажен објект на Бит Пазар, па го нападнал вработениот кој се обидел да го спречи
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад