Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Градоначалникот на Кичево под истрага: адвокати инкасирале илјадници евра, иако општината има 37 правници
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кршел стакло од врата во својот дом, па завршил со тешки повреди
МВР
„Веднаш приземјете го ако забележите хеликоптер“, МВР со предупредување до сите што управуваат со дронови:
МВР
Странските возачи отсега ќе можат онлајн да ги проверуваат и да ги плаќаат казните од „Безбеден град“
МВР
Велосипедист тешко повреден во судир со џип на крстосница во Скопје
МВР
43-годишен кумановец ја нападнал сопругата
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Градоначалникот на Кичево под истрага: адвокати инкасирале илјадници евра, иако општината има 37 правници

Претрес.мк
Последни промени 26/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, под истрага – ОВР Кичево поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба. Според полицијата, во периодот од 2017 до 2024 година, Дехари незаконски склучувал договори со адвокати, иако општината има сопствен правен сектор со 37 вработени. Со ова, според МВР, тој овозможил противзаконска корист за трети лица, нанесувајќи штета на општинскиот буџет од речиси 4 милиони денари (околу 64.000 евра).

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик“, вели МВР и додава:

„Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина Кичево постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата. На тој начин пријавениот ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка, Правилникот за систематизацијата на работните места, со што на адвокатите им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420 милиони денари или околу 64.000 евра“

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кршел стакло од врата во својот дом, па завршил со тешки повреди
„Веднаш приземјете го ако забележите хеликоптер“, МВР со предупредување до сите што управуваат со дронови:
Странските возачи отсега ќе можат онлајн да ги проверуваат и да ги плаќаат казните од „Безбеден град“
Велосипедист тешко повреден во судир со џип на крстосница во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад