Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Се бара притвор за зетот на Зоки Фаци, кој ги запали станот и викенд куќата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тешко повреден возач откако со „цитроен“ излетал од патот кај Штавица
МВР
19-годишен мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил во Велгошти
МВР
Mу точеле алкохол на 14-годишник кој паднал во бессознание, кривична за охридски локал
МВР
18 години затвор за Дојранецот кој до смрт го претепа својот пријател
МВР
Возел трактор без возачка дозвола, приведен 56-годишен тракторист
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Се бара притвор за зетот на Зоки Фаци, кој ги запали станот и викенд куќата

Претрес.мк
Последни промени 03/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик, откако беа запалени станот и куќата на покојниот новинар Зоран Василевски-Фаци.

“Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето.

Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата.

Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот.

Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата.

Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор”, велат од Обвинителството.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тешко повреден возач откако со „цитроен“ излетал од патот кај Штавица
19-годишен мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил во Велгошти
Mу точеле алкохол на 14-годишник кој паднал во бессознание, кривична за охридски локал
18 години затвор за Дојранецот кој до смрт го претепа својот пријател
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад