Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата за тоа што го пушти Блерим Рамадани од притвор, па тој избега
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Двајца возачи уапсени во Скопје поради прикривање регистарски ознаки
МВР
Пари во патна исправа – 31-годишник осомничен за давање поткуп
МВР
Малолетник без возачка прегази пешак во Битола – 42-годишник со тешки повреди
МВР
Со остар предмет се заканувал и кршел прозорец: прилепчанец доби кривична
МВР
Пари дадени „на рака“ за заеднички бизнис, проектот никогаш не реализиран – кавадарчанка измамена за 180.000 денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата за тоа што го пушти Блерим Рамадани од притвор, па тој избега

Претрес.мк
Последни промени 09/04/2025
Претрес.мк
Сподели

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од УЧК од ефективен во домашен притвор, по што тој избега. Ова е конечната одлука на Судскиот соввет, донесена во петокот на затворена седница, пишува „Алфа“. Пајазити доби само парична казна, шест месеци да зема 30% помала плата. Останува правораздавач во одделението за претходна постапка, кое одлучува по притвори за осомничени. Одлуката за Пајазити е донесена осум месеци откако Рамадани избега, а откако за целата стручна јавност беше чудно – како ова лице се пушта во домашен притвор во земја во која не е резидент.

Уапсениот Рамадани, на 18 јули минатата година се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и се согласил да биде суден. Пајазити тогаш му определил притвор. Но, на 22 јули, Рамадани поднел жалба преку својот адвокат во кој навел дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција. Според Законот за меѓународна соработка, изјава за скратена постапка за екстрадиција е неотповиклива и не може да биде повлечена, што би значело дека Рамадани не можел да се предомисли.

Сепак, судијата Пајазити ја прифатил новата одлука на Рамадани. По ова, иако опстојувале сите причини кои укажувале на бегство, односно околностите биле целосно непроменети, Пајазити одредил куќен притвор за Рамадани, кој избега. И официјален Белград побара одговори од државните органи како Рамадани баран преку Интерпол од куќен успеа да избега за Косово.

Пајазити има и други дискутабилни пресуди. Тој е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири. Тој е заменик претседател на Кривичниот суд а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издрживање на казната затвор. Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.

„Скопје1“ во детали објасни како избега Блерим Рамадани:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Двајца возачи уапсени во Скопје поради прикривање регистарски ознаки
Пари во патна исправа – 31-годишник осомничен за давање поткуп
Малолетник без возачка прегази пешак во Битола – 42-годишник со тешки повреди
Со остар предмет се заканувал и кршел прозорец: прилепчанец доби кривична
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад