Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Од Затворот Идризово телефонски измамил угостители во Гевгелија
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
15-годишно дете возело камион додека татко му седел до него: Малолетникот е уапсен, ќе добие кривична пријава
МВР
МВР со засилени сообраќајни контроли низ државата
МВР
Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
МВР
Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола
МВР
Приведени четворица македонски и еден швајцарски државјанин поради марихуана
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Од Затворот Идризово телефонски измамил угостители во Гевгелија

Претрес.мк
Последни промени 25/12/2024
Претрес.мк
Сподели

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основно јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против 45-годишниот И.П. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.

Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.

Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

15-годишно дете возело камион додека татко му седел до него: Малолетникот е уапсен, ќе добие кривична пријава
МВР со засилени сообраќајни контроли низ државата
Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад