Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Даночните обврзници да платат долг за ДДВ за октомври, ианку ќе имаат блокади, предупредија од УЈП
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсена лихварка од Струмица: Дала 2.700 евра, а барала да и врати 15.000 евра
МВР
Уапсени три лица во Прилеп и Битола за управување возило без возачка дозвола
МВР
Се степале жени во дом за стари лица во Куманово, една заврши на ургентен
МВР
Алкохол, забрана и возење без дозвола: Полицијата санкционираше пет случаи за еден ден, еден е малолетник
МВР
Обезбедувач од Собрание возел без да има возачка, поднесена е кривична
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Даночните обврзници да платат долг за ДДВ за октомври, ианку ќе имаат блокади, предупредија од УЈП

Претрес.мк
Последни промени 01/12/2024
Претрес.мк
Сподели

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за месец октомври 2024 година, да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки.

„Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври 2024 година изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3,949 даночни обврзници. Управата за јавни приходи им се заблагодарува на дисциплинираните даночни обврзници кои ја платиле својата даночна обврска во законскиот рок до 25 ноември.

Согласно анализата, останатите 1,198 даночни обврзници кои не ја исполниле својата обврска, ги повикуваме да ја платат својата даночна обврска без одложување со вкупен износ од 758,6 милиони денари. За секој ден задоцнето плаќање, согласно законот ќе се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг.

Даночните обврзници кои и по овој повик нема да ја уплатат својата обврска по основ на ДДВ, од 3 декември преку порака ќе добијат опомена, ако и по таа мерка не го платат долгот, веќе од 23 декември ќе се започне и со мерки за блокирање на нивните трансакциски сметки.

Редовното и навремено плаќање на даночните обврски не само што е законска обврска, туку е и основа за финансиска стабилност на нашето општество. Со навремено исполнување на даночните обврски, придонесуваме за развојот на инфраструктурата, здравството, образованието и другите важни јавни услуги, што сите ги користиме.
Со навремено исполнување на даночните обврски, заедно придонесуваме за просперитетна иднина.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсена лихварка од Струмица: Дала 2.700 евра, а барала да и врати 15.000 евра
Уапсени три лица во Прилеп и Битола за управување возило без возачка дозвола
Се степале жени во дом за стари лица во Куманово, една заврши на ургентен
Алкохол, забрана и возење без дозвола: Полицијата санкционираше пет случаи за еден ден, еден е малолетник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад