Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Издавале државјанства на лица кои не се во Македонија за пари, поднесени кривични против двајца
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Тројца повредени по сообраќајката во Чаир, МВР со детали
МВР
Македонски разузнавачки информации доведоа до заплена на 68 килограми кокаин во камион управуван од македонски државјанин во Франција
МВР
23-годишник повреден при пад од четирицикл кај Горјане
МВР
Физички напади и закани врз малолетници во Штип, кривична за 15-годишник и 18-годишник
МВР
Седум возачи уапсени, четворица возеле без возачка дозвола
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Издавале државјанства на лица кои не се во Македонија за пари, поднесени кривични против двајца

Претрес.мк
Последни промени 07/11/2024
Претрес.мк
Сподели

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Б. и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.

А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Тројца повредени по сообраќајката во Чаир, МВР со детали
Македонски разузнавачки информации доведоа до заплена на 68 килограми кокаин во камион управуван од македонски државјанин во Франција
23-годишник повреден при пад од четирицикл кај Горјане
Физички напади и закани врз малолетници во Штип, кривична за 15-годишник и 18-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад