Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична против поранешни вработени во МВР: се приклучиле на организирана криминална група и пренесувале службени тајни
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место
 Предмети
(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија
Претрес
Тепачка со боксови и клоци заврши со смрт во паркот „Жена борец“, истрага против две лица
МВР
Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево
 Предмети
Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична против поранешни вработени во МВР: се приклучиле на организирана криминална група и пренесувале службени тајни

Претрес.мк
Последни промени 04/11/2024
Претрес.мк
Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“. Пријавените Д.Г. и Е.А., во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна.

Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор. Имено, Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведуваше истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија и учествувале во извршување на други кривични дела, а која заврши со кривична пријава против 16 лица. По поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжи со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК обезбедени се докази врз основа на кои е дојдено до сознание дека пријавените ги сториле делата.

Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи. На 03.11.2024, по преземени оперативно – тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап – топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода.

Можеби ќе ти се допадне

Тепачка со боксови и клоци заврши со смрт во паркот „Жена борец“, истрага против две лица

(Фото) Приведен пратеникот Јанчев од Левица по сообраќајка во Илинден: повредени се малолетници, но и тој со сопатникот

Киднапирана 21-годишна штипјанка: девојка од Кочани ја грабнала, нападнала и снимала

Два случаи каде малолетници се жртви во Скопје, нападнат и 29-годишен скопјанец

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место
(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија
Тепачка со боксови и клоци заврши со смрт во паркот „Жена борец“, истрага против две лица
Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад