Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Сиљановска помилува и осомничен за пукањето во Чаир од пред една недела
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
„Паднаа“ ексдиректорка од Куманово, вработени во Министерството за образование и фирми – МВР поднесе пријави
МВР
(Видео) Кешишев му се восхитувал на Палевски на судењата, адвокатот сведочи: Имаше моменти кога ќе ми шепне дека е појак обвинителите
Претрес
(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип
Новости
Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
 Предмети
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
Новости
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Сиљановска помилува и осомничен за пукањето во Чаир од пред една недела

Претрес.мк
Последни промени 23/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилувала осуденик кој пред девет дека учествуваше во пукање во Чаир, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, Акиф Равманоски од Арачиново на кого со потпис на Сиљановска-Давкова му се укина затворот и му се одреди условна осуда, бил дел од групата која пукала. Неговите иницијали се најдоа и во дневниот билтен на МВР, чии припадници го уапсија.

Ако се гледа хронолошки, пукањето во Чаир се случи на 15 октомври, а Сиљановска го потпишала помилувањето на 21 октомври. Тоа значи дека претседателката го ослободила Равмановски седум дена по вооружениот инцидент. Рамадановски учествувал во пукањето, додека всушност требало да биде на работа, бидејќи излегувал од „Идризово“ благодарение на работниот ангажман. Но наместо тоа, со група од четири лица, го повредиле лицето Е.А. кое заврши во болница. Помилуваниот Равмановски по пукањето се врати во „Идризово“, од каде со полиција беше однесен во станица.

Како што и претходно објавивме, меѓу останатите помилувани се Владимир Талески, ексградоначалник на Битола, кому Сиљановска му скрати една година од затворот, а е осуден во предметот „Транспортер“. Делумно помилување доби и Марјан Ефремов, на кого му се скратени три месеци, а првообвинет во предметот „Шпион“.

Акиф Равмановски, јавноста го опишува како член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани кој исто така е помилуван е брат на познатиот Шенки, кој во јавноста стана познат по опседнатоста со модниот бренд „Версаче“.

Во согласност со Законот за помилување, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.

Молбата, заедно со потребната документација, судот ја доставува до Министерството за правда.

Според законски утврдената постапка, министерот за правда ги разгледува молбата и останатите документи, и дава свој предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.

Комисијата за помилување на претседателот на Република Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот за правда.

Комисијата, со мнозинство гласови од присутните членови, утврдува мислење односно предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.

Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот за правда, претседателот на Република Северна Македонија донесува конечна одлука.

Одлуките на претседателот се јавни и се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“.

Можеби ќе ти се допадне

(Фото) Запалени куќата и станот кои беа на Зоки Фаци

(Видео) Домот ми беше запален, имам сомневање дека зад ова стојат криминалците, објави директорот Пандов

Мицкоски за членовите на Судски совет: Сѐ уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

Уставниот суд: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

„Паднаа“ ексдиректорка од Куманово, вработени во Министерството за образование и фирми – МВР поднесе пријави
(Видео) Кешишев му се восхитувал на Палевски на судењата, адвокатот сведочи: Имаше моменти кога ќе ми шепне дека е појак обвинителите
(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип
Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад