Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пандов: Треба да се намали затворската популација, еден осуденик ја чини државата над 10 илјади евра годишно
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење
Новости
Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери
Новости
Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител
Судии и обвинители
Фатени осум возачи без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
МВР
Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Пандов: Треба да се намали затворската популација, еден осуденик ја чини државата над 10 илјади евра годишно

Претрес.мк
Последни промени 04/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Моментално во државата има 2.400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, а еден затвореник ја чини државата околу 2.100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, зависно од затвор до затвор, кажа директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Тој смета дека е потребно намалување на затворската популација. Според Пандов, тоа може да се направи на три начини – условен отпис, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

„За жал, Македонија досега требаше да има комплетен нов и супер современ затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. Изградена е само првата фаза на затворот и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, до 2023 година требало да биде завршена и втората фаза. Не е направено ништо по тоа прашање, а пари има. Тој заем е направен уште во 2010-2011 година, меѓутоа парите коишто се сега обезбедени ни се под мораториум. Главната организација која прави контроли на затворите – Организацијата за превенција и борба против тортура следната недела треба повторно да направи контрола на македонските затвори и се надевам дека средствата ќе бидат одмрзнати и ќе почне и втората фаза“, изјави Пандов.

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман.

„Точна статистика во моментов немам. Ако гледаме третмански во затворите во моментов има околу 400 затвореници кои се со А третман, над стотина од нив излегуваат секојдневно по 7 или 8 часа од сабајле, зависи каков им е работниот договор, до 16 или до 17 часот попладне. Ако тие веќе така можат да излегуваат и да ги повторуваат своите кривични дела, треба да ги „ослободиме“, односно да имаат условен прекин на нивната казна… Јас сум оптимист дека до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе бидат ставени во функција, да бидат изрекувани такви казни и тие луѓе во домашни услови да си ги одлежат нивните казни“, изјави Пандов и додаде дека ќе има и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење
Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери
Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител
Фатени осум возачи без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад