Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: По несреќата каде татко и син ги загубија животите: Итно запирање над работите на автопатот Скопје-Куманово
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Нападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници
МВР
МВР демантира: Кандидатот не ја поминал административната селекција
МВР
60 возачи санкционирани поради управување под дејство на алкохол
МВР
Марихуана пронајдена во пратка за осуденик во затворот „Идризово“
МВР
Осум лица повредени во судир на четири возила кај Козјак
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

По несреќата каде татко и син ги загубија животите: Итно запирање над работите на автопатот Скопје-Куманово

Претрес.мк
Последни промени 05/09/2024
Претрес.мк
Сподели

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.

„По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.

Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

Categories

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Нападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници
МВР демантира: Кандидатот не ја поминал административната селекција
60 возачи санкционирани поради управување под дејство на алкохол
Марихуана пронајдена во пратка за осуденик во затворот „Идризово“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад