Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Низ Скопје, полиција на „секој чекор“, Тошковски: Лично ја иницирав акцијава
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
Новости
Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди
 Предмети
Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци
МВР
(Видео) Ова се очекувањата на СДСМ на локалните избори
Претрес
Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Низ Скопје, полиција на „секој чекор“, Тошковски: Лично ја иницирав акцијава

Претрес.мк
Последни промени 28/08/2024
Претрес.мк
Сподели

,,63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja враќаме безбедноста на улиците.

Во последниот период, до Министерството за внатрешни работи пристигнаа многу поплаки од граѓаните за несовесно и агресивно возење, особено на возачи на мотоцикли во централното градско подрачје на Скопје. Исто така и самиот сум бил сведок на такво непримерно однесување кое ги нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

Поради овие причини, лично иницирав спроведување на акциска контрола, насочена кон санкционирање на овие прекршоци и враќање на безбедноста на нашите улици.

Во тој контекст во текот на вчерашниот ден (27.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.

Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во Македонија има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје.
Министерството за внатрешни работи почнува бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушувања на јавниот ред и мир. Никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните како во Скопје, така и во целата држава, без разлика дали се работи за криминална нарко банда или несовесен возач на мотор кој го нарушува мирот и безбедноста на булеварот „Партизански одреди“. Законот мора и ќе важи за сите и секој што го крши, ќе биде казнет.”, напиша министерот за внатреши работи, Панче Тошковски.

Можеби ќе ти се допадне

Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци

Пет лица се испотепале кај Момин поток

Со психолошки терор и уцени, 28-годишен штипјанец му извлекол четврт милион денари на младо момче

Пријавил напад од лажни полицајци во Центар – 26-годишен маж од Крива Паланка бил претепан

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди
Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци
(Видео) Ова се очекувањата на СДСМ на локалните избори
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад