Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Снимка од апсењето на убиецот на скопјанецот кај Мавровка: помагачот во бегство, третото лице ослободено
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо)Сестра на поранешен специјалец од ЕБР: Брат ми беше деградиран и осуден на 11 години затвор зошто бил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ и настаните на 27 април
Претрес
(ВО ЖИВО) „Претрес“: Како специјалец од ЕБР заглави со дрога и оружје и што кријат пораките за групата „од Грчец“
Претрес
Фатени шест возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
МВР
Американец запрен од полицијата кај Демир Капија: Не сакал да даде документи, па физички ги нападнал
МВР
Дури шест обиди за измами вчера во Велес и Неготино: се бараат 35.000 евра за наводни операции на роднини
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Снимка од апсењето на убиецот на скопјанецот кај Мавровка: помагачот во бегство, третото лице ослободено

Претрес.мк
Последни промени 21/08/2024
Претрес.мк
Сподели

„СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“, кои беа извршени на 20.08.2024 на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој додава:

„Имено, по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје.

Веднаш потоа, од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје беа извршени увиди на местата, беа извршени разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, беа прегледани видео записи и беше извршена претрага на терен за обезбедување на материјални докази како што се возила, пиштол, чаури и други одземени предмети. Од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР извршено е вештачење на чаури и пиштол со кое вештачење се поврзуваат двете кривични дела со сторителот Е.К.

По обезбедување на целокупниот доказен материјал, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против Е.К. поднесе кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” казниво по член 123 став 2 точка 4, кривично дело „убиство” во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” казниво по член 396 од Кривичниот законик.

За второто лице кое беше лишено од слобода вчера до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едно инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело “Убиство““.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо)Сестра на поранешен специјалец од ЕБР: Брат ми беше деградиран и осуден на 11 години затвор зошто бил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ и настаните на 27 април
(ВО ЖИВО) „Претрес“: Како специјалец од ЕБР заглави со дрога и оружје и што кријат пораките за групата „од Грчец“
Фатени шест возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Американец запрен од полицијата кај Демир Капија: Не сакал да даде документи, па физички ги нападнал
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад