Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Тошковски: „Не ми е срам што работам за својот народ, срам ми е што со години немаме капацитети“
МВР
(Видео) Џамбазов раскажа тешка епизода од неговиот живот: Одбил „нестварна сума“ за митинг, додека немал пари низ а струја
Претрес
Претреси во Куманово: пронајдени 15 дронови и куршуми
МВР
МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Радовиш, потврдија дека три лица загинале
МВР
(ВО ЖИВО) Џамбазов: Груевски ме носеше на ушка
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

„Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство

Претрес.мк
Последни промени 20/08/2024
Претрес.мк
Сподели

Изнуда е причината за убиството кај Мавровка, каде убиен е 60-годишниот Васил Ефтимов, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Осомничени остануваат три лица, од кои две се уапсени и се на распит, по што Обвинителството ќе одлучи дали ќе се бара притвор.

„Скопје1“ дојде до детали околу уапсените лица, осомничени дека го извршиле убиството. Тројцата осомничени доаѓаат од исто семејство, кое живее во Чаир. Неофицијално, еден од осомничените по кој е во бегство и по кој се трага е затвореник, кој порано извршил тешки кражби. Станува збор за лице кое издржува затворска казна во „Идризово“, а кое од април е во бегство.

Друг од осомничените, кој веќе е уапсен, е негов внук од брат, додека третиот е нивни роднина. Според непотврдени информации, станува збор за група која и претходно била во судир со законот. Фамилијата е озогласена како склона кон криминални активности.

Дел од медиумите објавија дека иницијалите на убиеното лице е В.Е. и дека се работи за адвокат, што набргу беше демантирано. Станува збор за скопјанец кој имал своја фирма, со седиште во скопски Аеродром.

По убиството МВР затвори дел од градското подрачје, изврши преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила. Во операцијата беа вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.

Иако дел од медиумите објавија дека возилото со убијците, со белгиски регистерски таблици е пронајдено во Гази Баба, МВР соопшти дека на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило со лица во обид да побегнат, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.

Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода.

При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Можеби ќе ти се допадне

(Видео) Тошковски: „Не ми е срам што работам за својот народ, срам ми е што со години немаме капацитети“

Претреси во Куманово: пронајдени 15 дронови и куршуми

МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Радовиш, потврдија дека три лица загинале

Инспектор од Битола пријавен за оддавање службена тајна – фотографирал службени податоци и ги споделил

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Тошковски: „Не ми е срам што работам за својот народ, срам ми е што со години немаме капацитети“
(Видео) Џамбазов раскажа тешка епизода од неговиот живот: Одбил „нестварна сума“ за митинг, додека немал пари низ а струја
Претреси во Куманово: пронајдени 15 дронови и куршуми
МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Радовиш, потврдија дека три лица загинале
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад