Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Министерот Тошковски во работна посета на Одделението при Дирекцијата за заштита и спасување под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Сопругата на Андреј од ДНК: Од Владата и од претседателката добив само про-форма писма со сочувство
Претрес
(ВО ЖИВО) Наталија, сопругата на Андреј ДНК: Секоја жена би посакала татко и сопруг како него, другите надвор гледаат бои, ние сивило
Претрес
(ВО ЖИВО) Таткото на загинатиот Диме од Пулс: Дали газда Деко мирно спие, дали го прогонуваат криците на загинатите деца, дали некого заштитува
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
Претрес
52-годишник со метален предмет ја нападнал сопругата во семејниот дом
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Министерот Тошковски во работна посета на Одделението при Дирекцијата за заштита и спасување под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите

Претрес.мк
Последни промени 09/08/2024
Претрес.мк
Сподели

Денеска (09.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна посета на Одделението при Дирекцијата за заштита и спасување под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите.

За време на посетата министерот се сретна со дел од пилотите и екипажот, при што им искажа признание за храброста и пожртвуваноста во борбата со пожарите. Притоа, министерот изрази жалење за условите во кои работат, како и недостигот на кадар во ова одделение и ниските плати.

„Имавме можност да ги погледнеме ер тракторите, да поразговараме со пилотите и да се сретнеме и со екипите од Кипар и Германија, кои преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите. Овие луѓе, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и Воздухопловниот винг на армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина.

Ја изразив мојата огромна благодарност за се она што го прават и разменивме мислења за планираните реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен така и од материјално-технички карактер. Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства. Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето на лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење“, истакна меѓу другото министерот Тошковски за време на посетата на Дирекцијата за заштита и спасување, под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Сопругата на Андреј од ДНК: Од Владата и од претседателката добив само про-форма писма со сочувство
(ВО ЖИВО) Наталија, сопругата на Андреј ДНК: Секоја жена би посакала татко и сопруг како него, другите надвор гледаат бои, ние сивило
(ВО ЖИВО) Таткото на загинатиот Диме од Пулс: Дали газда Деко мирно спие, дали го прогонуваат криците на загинатите деца, дали некого заштитува
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад