Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Изброени десет, пријавен еден избеган од затворот во Шутка: Клинч меѓу Андов и Пандов
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект
МВР
Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко
МВР
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола
МВР
Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога
МВР
Голф удри во бетонски столб, тројца се повредени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Изброени десет, пријавен еден избеган од затворот во Шутка: Клинч меѓу Андов и Пандов

Претрес.мк
Последни промени 20/07/2024
Претрес.мк
Сподели

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вчера извршил контрола во затворот „Скопје“ во Шутка, каде констатирал дека 10 лица не биле во собите, а едно било во бегство. Пандов не сака да коментира за „Скопје1“ и посочува дека во понеделник ќе одржи и прва прес-конференција. Според информации на „Скопје1“, сите десет лица за кратко време се појавиле, но и иако првично не биле најдени, денеска не им се одземени привилегиите кои ги уживаат и се со истиот третман.

Директорот на затворот, Филип Андов посочува дека е на одмор и дека за состојбата бил запознаен од командирот. Тој посочува дека има забелешка зошто ако немало 10 лица, само еден е пријавен во полиција за по него да се трага.

„Имам забелешка. Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција? Известен сум од командирот дека од Управата биле на проверка, каде по завршувањето, директорот не успеал да ги забележи во собите овие десет лица и се појавиле отпосле. Моето прашање е, ако десет лица биле во бегство или 11, зошто не се пријавени или нема постапка? И зошто нема постапка за сите останати 10 лица, за да се префрлат во приемно одделение, да им се одземат сите права? Дотолку повеќе, што, по сознанија, денеска пак можат да ја напуштат институцијата. Ако има за сите службени белешки, ова е тежок престап и треба да се обезбедат луѓето во приемно одделение додека не се заврши постапката за сите лица, ако како што тврди тој, затворениците не се најдени во своите соби“, вели Андов.

Пандов не сака да коментира за „Скопје1“, но за други медиуми посочил дека затворениците биле повикани да се вратат по телефон.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект
Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола
Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад