Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Не се самозапалил под присила, ниту бил киднапиран – МВР со детали за момчето од Скопје кое почина по пожар близу аеродромот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Градоначалникот од СДСМ за ударот од Филипче и партијата: Непријатно е, не очекував така јавно да ми се обрати
Претрес
(Видео) Човек ми раскажа дека мајка му починала бегајќи од кравите, алармира градоначалникот на Крива Паланка
Претрес
Полициски службеник испраќал закани поради недоразбирање, МВР ќе го суспендира
МВР
Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро
МВР
МВР по протестот за Шемо: Потрагата по исчезнатиот продолжува, досега нема пронајдени траги
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Не се самозапалил под присила, ниту бил киднапиран – МВР со детали за момчето од Скопје кое почина по пожар близу аеродромот

Претрес.мк
Последни промени 12/07/2024
Претрес.мк
Сподели

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 07.07.2024, како последица на изгорениците Б.А. починал.

Според пријавата од Б.А.,тој наводно бил насилно пренесен од две лица со возило од нас.Ченто до Ќојлија,а таму наводно го натерале да се самозапали. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот.

Извршен е увид на местото на настанот, при што се подигнати материјални траги, за кои се изготвени соодветни вештачења, а обезбедени се и видео записи од безбедносни камери, повикани се на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки, при што е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот, со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај Б.А. настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 07.07.2024 Б.А. починал.

Со ова е констатирано дека првичната изјава која Б.А. ја дал на полициските службеници, дека наводно истиот бил киднапиран од две лица и насилно пренесен со возило до местото на настанот и притоа истите наводно го натерале да се полие со запалива течност и да се самозапали, не е точна. Од страна на СВР Скопје случајот е расчистен и поднесено е известување до ОЈО Скопје.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Градоначалникот од СДСМ за ударот од Филипче и партијата: Непријатно е, не очекував така јавно да ми се обрати
(Видео) Човек ми раскажа дека мајка му починала бегајќи од кравите, алармира градоначалникот на Крива Паланка
Полициски службеник испраќал закани поради недоразбирање, МВР ќе го суспендира
Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад