Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против 12 лица за издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тројца возачи со над 1,50 промили алкохол уапсени во Скопје
МВР
73-годишен маж осомничен за силување на 75-годишна жена
МВР
Загина 59-годишен гостиварец откако со автомобил удрил во бетонски ѕид во Долна Бањица
МВР
Прашкаста материја пронајдена кај осуденик во затворот „Идризово“
МВР
Запленети дрога, пиштоли, пушки и муниција при полициска акција низ државата
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против 12 лица за издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка

Претрес.мк
Последни промени 10/07/2024
Претрес.мк
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 12 лица, од кои 10 лица државјани на Република Северна Македонија и две лица државјани на Р.Косово за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“, предвидено и казниво по член 274 ст.2 од КЗ и кривично дело „соизвршителство“, предвидено и казниво по член 22 од КЗ, а во врска со член 274 ст.2 „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.

Имено, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во Р.С.Македонија на начин што истите користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства (refund), кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка која се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.

На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тројца возачи со над 1,50 промили алкохол уапсени во Скопје
73-годишен маж осомничен за силување на 75-годишна жена
Загина 59-годишен гостиварец откако со автомобил удрил во бетонски ѕид во Долна Бањица
Прашкаста материја пронајдена кај осуденик во затворот „Идризово“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад