Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Давена, удирана со боксови, со нож добила закани дека ќе биде убиена – велешанец си ја малтретирал сопствената мајка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривична за бесправно градење кај Неготино: Ископале канал и поставиле кабли без дозвола
МВР
МВР: Нема незаконско постапување при одбивањето влез на британски државјани на Табановце
МВР
Маж нападнат со остар предмет кај Транспортен центар во Скопје
МВР
Гореле картони за стара хартија и предизвикале пожар во двор во Шуто Оризари
МВР
Опожарено возило на паркинг на Бит Пазар
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Давена, удирана со боксови, со нож добила закани дека ќе биде убиена – велешанец си ја малтретирал сопствената мајка

Претрес.мк
Последни промени 20/06/2024
Претрес.мк
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.

На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие.

На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и определи притворска мерка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривична за бесправно градење кај Неготино: Ископале канал и поставиле кабли без дозвола
МВР: Нема незаконско постапување при одбивањето влез на британски државјани на Табановце
Маж нападнат со остар предмет кај Транспортен центар во Скопје
Гореле картони за стара хартија и предизвикале пожар во двор во Шуто Оризари
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад