На 30.05.2024 во 22.20 часот на место викано „Прилепски пат“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода тројца малолетници од Велес.
Тие биле затекнати во патничко возило и откако ги забележале полициските службеници од возилото фрлиле марихуана која била пронајдена до возилото и одземена.
Малолетниците биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.