Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми
 Предмети
Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари
МВР
Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзани со нехигиената во Скопје
 Предмети
(ВО ЖИВО) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?
Претрес
(ВО ЖИВО) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место

Претрес.мк
Последни промени 21/05/2024
Претрес.мк
Сподели

Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со ваква одлука ги отвори вратитњ тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.

„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.

Георгиев е фатен со 10.000 евра мито, за кое според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Парите ги земал од синот на ексградоначалникот на Ново Село, кој одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.

Пријавата е од синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој одлежува казна за шверц на марихуана.

Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан.

Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Можеби ќе ти се допадне

Детали: Полицајци од „Идризово“ ослободиле осуден за убиство – наместо во болница, тој се шетал низ Скопје

Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Ќе се бара затворски притвор за Јахоски, обвинителката поднесе жалба оти судијата го пушти во куќен притвор

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми
Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари
Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзани со нехигиената во Скопје
(ВО ЖИВО) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад