Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против полициски службеник од Прилеп
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Тешка сообраќајка на излез од Кичево кон Охрид: полиција го обезбедува местото, се создаваат големи колони
Новости
Тошковски: Македонската полиција доби 496 нови полициски службеници
МВР
15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола
МВР
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП во Скопје
МВР
Тешка несреќа кај Градско: Повредени девет лица, две со тешки повреди
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против полициски службеник од Прилеп

Претрес.мк
Последни промени 09/04/2024
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против П.Б.-полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 – в од Кривичниот законик.
На 13.11.2020 од Полициското одделение Ропотово до Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп бил доставен службен материјал во врска со одземено товарно возило, по што пријавениот го примил, но не го задолжил на друг полициски службеник, иако со усна наредба од началникот на НККР Прилеп бил задолжен да ја прима поштата и да ја распоредува на полициските службеници. На тој начин П.Б. овозможил против лицата, за кои постоело сомнение дека сториле кривично дело, да не биде поднесена соодветна кривична пријава и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Тешка сообраќајка на излез од Кичево кон Охрид: полиција го обезбедува местото, се создаваат големи колони
Тошковски: Македонската полиција доби 496 нови полициски службеници
15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад