Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобил туку таму бил однесен, Обвинителството ги чека МВР да го најдат убиецот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
21 возач уапсен: 14 возеле без дозвола, четворица со забрана, тројца пијани
МВР
Запалил оган за да чисти имот, пожарот зафатил поголема површина – приведен 55-годишник
МВР
Уапсен кумановец – ѝ се заканувал на сопругата
МВР
Велешанец ја нападнал партнерката
МВР
Маж агресивно се однесувал и ѝ се заканувал на сопругата
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобил туку таму бил однесен, Обвинителството ги чека МВР да го најдат убиецот

Претрес.мк
Последни промени 03/04/2024
Претрес.мк
Сподели

Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот.

„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, рече Бојмацалиев.

Обвинителството посочува дека сторителот не е откриен.

„Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен“, вели Обвинителството.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

21 возач уапсен: 14 возеле без дозвола, четворица со забрана, тројца пијани
Запалил оган за да чисти имот, пожарот зафатил поголема површина – приведен 55-годишник
Уапсен кумановец – ѝ се заканувал на сопругата
Велешанец ја нападнал партнерката
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад