Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пет претреси, уапсени четири лица: голема акција против криминална група, имале помош и од странство
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Судир меѓу Геровски и Цветковска околу случајот ‘Пулс’: Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила
Претрес
Од гробишта Бутел украдени бронзени бисти
МВР
(ВО ЖИВО) Цветковска: Обвинителката Елизабета е виновна за незавршениот случај со модуларната болница, што е она, Латас?
Претрес
(ВО ЖИВО) Цветковска: Латас не ни е колега, не може некој поврзан со криминал да ни е колега
Претрес
(ВО ЖИВО) Цветковска: За разлика од Геровски ние ги имаме доказите за Пулс, ние не штитиме ни еден политичар
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Пет претреси, уапсени четири лица: голема акција против криминална група, имале помош и од странство

Претрес.мк
Последни промени 14/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше акција во која е сузбиена организирана криминална група која во периодот од август до ноември 2023 година извршувала кривично дело криумчарење мигранти. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Неготино, при што од слобода се лишени четири лица, додека за едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти казниво по член 418-в од Кривичниот законик, а за петмина од нив постојат основи на сомнение дека сториле и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик.

Во изминатиот период под раководство на јавен обвинител Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со Одделот за специјални и посебни операции спроведоа координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти. Сознанијата до кои е дојдено во текот на операцијата укажуваат дека четворицата првообвинети заедно со лице од странство организирале криминална група која организирала криумчарење на поголем број мигранти, кои веќе одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција. Во договор со лицето од странство, мигрантите кои најмногу биле од Непал и Сирија на територијата на нашата држава биле пренесувани преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија од територијата на Република Грција, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Костејќи ист modus operandi организаторите криумчареле мигранти и во околината на кумановско – липковскиот регион каде од македонска територија мигрантите ги пренесувале на територијата на Република Србија, а од таму членовите на групата ги преземале со патнички и товарни моторни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската унија.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за петмина осомничени. Останатите осомничени се наоѓаат на издржување на затворски казни во Казнено – поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела.

CategoriesСоопштенија

Можеби ќе ти се допадне

Без дозвола, без договор, без заштита – трагедијата на Вардар со фатален исход доби обвинети и обвинение

Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми

Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзани со нехигиената во Скопје

Многу кеш, сефови, имот, станови, камиони, милиони: кој е Борче Марковски – човекот зад „Марковски компани“

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Судир меѓу Геровски и Цветковска околу случајот ‘Пулс’: Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила
Од гробишта Бутел украдени бронзени бисти
(ВО ЖИВО) Цветковска: Обвинителката Елизабета е виновна за незавршениот случај со модуларната болница, што е она, Латас?
(ВО ЖИВО) Цветковска: Латас не ни е колега, не може некој поврзан со криминал да ни е колега
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад