Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Скандал: Обезбедувач на заменик-министер од ДУИ во МВР натепал колега во Клинички
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал и покрај судската мерка за заштита од семејно насилство
МВР
Не го предал оружјето иако имал решение за привремено одземање, а полицијата пронашла и 45 куршуми: уапсен 73-годишник од Валандово
МВР
Тешко повреден 63-годишен пешак во сообраќајка кај Желино
МВР
Двајца скопјани претепале вработени во угостителски објект кај Попова Шапка, еден тешко повреден
МВР
Ја нападнал девојката, ѝ го искршил телефонот, уапсен 37-годишен гостиварец
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Скандал: Обезбедувач на заменик-министер од ДУИ во МВР натепал колега во Клинички

Претрес.мк
Последни промени 04/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Кривична пријава, дисциплинска постапка и времено отстранување од работа за полициски службеник – обезбедување на заменик министер кој минатата година, нападнал и физички повредил полициски службеници во кругот на Клиничкиот центар во Скопје. Станува збор за Наизм Буши.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и целосно го расчисти случајот кој минатата година беше во интерес на јавноста и за кој пишуваа медиумите.

Станува збор за случајот во кој полицискиот службеник С.С. вработен во Одделот за обезбедување на определени лица и објекти, распореден на работно место – обезбедување на заменик министер во МВР, во кругот на Клиничкиот центар нападна и притоа физички повреди, полициски службеници, кои вршеле спровод на лице со висок ризик со КПУ „Идризово“.

Имено, во гореспоменатиот случај, полицискиот службеник, со физичкиот напад се обидел да изврши попречување во вршење на работните обврски кон полициските службеници, воедно навредувајќи ги со недолични и погрдни зборови.

За посочениот полициски службеник, од страна на Министерството за внатрешни до ОЈО поднесена е кривична пријава, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и воедно достави предлог за негово времето суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност“, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал и покрај судската мерка за заштита од семејно насилство
Не го предал оружјето иако имал решение за привремено одземање, а полицијата пронашла и 45 куршуми: уапсен 73-годишник од Валандово
Тешко повреден 63-годишен пешак во сообраќајка кај Желино
Двајца скопјани претепале вработени во угостителски објект кај Попова Шапка, еден тешко повреден
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад